Излез (2 Moj.) 26:22-27 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

22. На задната страна на Шаторот на запад, постави шест даски.

23. Направи и даски за задните агли на Шаторот.

24. Нека бидат разделени при дното, ама на врвот кај првото колце нека бидат составени. Нека така двете прават два агли.

25. И така нека бидат осум даски со нивните сребрени подножја: шеснаесет подножја, две подножја под првата даска, а пак две подножја под секоја следна даска.

26. Натаму направи лостови од багремово дрво: пет од нив за даските од едната страна на Шаторот,

27. а пет лостови од другата страна на Шаторот; тогаш пет лостови за даските на Шаторот од одназад, кон запад.

Излез (2 Moj.) 26