20. За другата страна на Шаторот, на север: дваесет даски
21. и четириесет сребрени подножја, две подножја за два клина на првата даска, и така редум, две подножја за секоја даска.
22. На задната страна на Шаторот на запад, постави шест даски.
23. Направи и даски за задните агли на Шаторот.
24. Нека бидат разделени при дното, ама на врвот кај првото колце нека бидат составени. Нека така двете прават два агли.
25. И така нека бидат осум даски со нивните сребрени подножја: шеснаесет подножја, две подножја под првата даска, а пак две подножја под секоја следна даска.
26. Натаму направи лостови од багремово дрво: пет од нив за даските од едната страна на Шаторот,
27. а пет лостови од другата страна на Шаторот; тогаш пет лостови за даските на Шаторот од одназад, кон запад.
28. Средниот лост нека врви по средината на даските од едниот крај до другиот.