Излез (2 Moj.) 21:7-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. Кога човек ќе ја продаде ќерка си за робинка, таа нека не се ослободува како и машките робови.

8. Ако не му се допадне на својот господар, кој ја одредил за себеси, нека ја остави да се откупи. Нема право да ја продаде на странци, кога не и бил верен.

9. А ако ја одреди за својот син, нека постапува со неа како и со ќерка.

10. Ако се ожени со друга, не смее на првата да и ги крати: храната, облеката или нејзините брачни права.

Излез (2 Moj.) 21