7. Тогаш неговата сестра и рече на фараоновата ќерка: „Сакаш ли да побарам доилка меѓу Еврејките, да ти го дои детето?”
8. „Оди!” и одговори фараоновата ќерка. Така девојката отиде и ја повика мајката на детето.
9. „Земи го детево - и рече фараоновата ќерка - и одгледај ми го, а јас ќе те платам.”
10. Кога детето порасте, таа го доведе при фараоновата ќерка, која го посини. Му го даде името Мојсеј, „зашто го извадив - рече - од вода.”
11. Еден ден, кога Мојсеј веќе беше порастен, дојде меѓу своите браќа и ги виде нивните маки. Тогаш забележа како еден Египетец бие еден Евреин - негов брат.
12. Се заврте ваму-таму и откако виде дека нема никој, го уби Египетецот и го закопа во песокот.
13. Тој излезе и другиот ден и најде двајца Евреи како се тепаат. „Зошто го тепаш својот другар?” - му рече на напаѓачот.