Излез (2 Moj.) 2:11-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

11. Еден ден, кога Мојсеј веќе беше порастен, дојде меѓу своите браќа и ги виде нивните маки. Тогаш забележа како еден Египетец бие еден Евреин - негов брат.

12. Се заврте ваму-таму и откако виде дека нема никој, го уби Египетецот и го закопа во песокот.

13. Тој излезе и другиот ден и најде двајца Евреи како се тепаат. „Зошто го тепаш својот другар?” - му рече на напаѓачот.

14. Овој му одговори: „Кој те постави за наш старешина и судија? Имаш ли намера да ме убиеш и мене, како што го уби оној Египетец?” Мојсеј се исплаши и си рече во себе: „Така! Сепак се научило.”

15. Кога фараонот го чу тоа, сакаше да го погуби Мојсеја. Затоа Мојсеј избега од фараонот и се засолна во Мадијамската Земја. Таму седна покрај еден кладенец.

16. Мадијамскиот свештеник имаше седум ќерки. Тие дојдоа да нацрпат вода и да ги налеат поилата, за да го напојат стадото на својот татко.

17. Но дојдоа и пастирите и ги истераа. Мојсеј стана, ги одбрани и им го напои стадото.

18. Кога се вратија при својот татко Рагуил, тој ги праша: „Како се вративте денес толку брзо?”

Излез (2 Moj.) 2