Излез (2 Moj.) 18:4-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. Вториот се викаше Елиезер, односно: „Бог на мојот татко ми беше на помош и ме спаси од фараоновиот меч.”

5. Така Мојсеевиот дедо, Јотор, ги поведе кон Мојсеја во пустината, каде Мојсеј се влогори на Божјата Гора, неговите синови и неговата жена.

6. Му порача на Мојсеја: „Јас, твојот дедо Јотор, доаѓам при тебе со твојата жена и со двата нејзини синови.”

7. Мојсеј му излезе во пресрет на својот дедо; му се поклони длабоко и го прегрна. Откако се распрашаа за здравјето, влегоа во шаторот.

Излез (2 Moj.) 18