Излез (2 Moj.) 10:16-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

16. Фараонот ги повика брзо Мојсеја и Арона па им рече: „Згрешив против Господа, вашиот Бог, и против вас!

17. Простете ми ја навредата уште само овој пат и молете Го Господа, својот Бог, само да го отстрани од мене овој смртоносен бич!”

18. Кога Мојсеј си отиде од кај фараонот, го повикаа Господа,

19. и Господ го смени ветерот во силен западник, што ги потфати скакулците и ги однесе кон Црвеното Море. Ниту еден единствен скакулец не остана, ниту во кој и да е крај на Египет.

Излез (2 Moj.) 10