Излез (2 Moj.) 1:5-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. Вкупно беа седумдесет души Јаковови потомци. А Јосиф веќе беше во Египет.

6. И Јосиф умре, а изумреа и сите негови браќа и целото тоа поколение.

7. Ама Израелците беа родни, се намножија и многу се засилија, така што ја наполнија земјата.

8. Тогаш во Египет завладеа нов цар, кој не го познаваше Јосифа.

9. И тој му рече на својот народ: „Ете, Израелевите синови станаа броен народ и посилни од нас.

Излез (2 Moj.) 1