Исус Навин 4:11-20 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

11. Откако помина сиот народ, преминаа и свештениците со Господовиот Ковчег на Господовиот Завет и тргнаа пред народот.

12. Тогаш Рувимовите синови и Гадовите синови и половината од Манасиевото племе, во бојна опрема, застанаа на чело на Израелевите синови, како што им беше заповедал Мојсеј.

13. Околу четириесет илјади вооружени луѓе поминаа пред Господа за да се борат на Ерихонските Полиња.

14. Во тој ден Господ го возвиши Исуса пред сиот Израел, и сите се боеја од него, како некогаш од Мојсеја, во сите денови на неговиот живот.

15. Господ му рече на Исуса:

16. ”Заповеди им на свештениците, кои го носат Ковчегот на Заветот, да излезат од Јордан.”

17. Тогаш Исус им заповеда на свештениците: „Излезете од Јордан!”

18. А штом свештениците, кои го носеа Ковчегот на Господовиот Завет, излегоа од средината на Јордан и стапнаа со нозете на суво, водите на Јордан се вратија на своето место и почнаа да течат како и порано преку своите брегови.

19. Народот излезе од Јордан во десеттиот ден на првиот месец. Тогаш се настанија во Галгал, источно од Ерихон.

20. А оние дванаесет камења што ги зедоа со себе од Јордан, Исус ги постави во Галгал.

Исус Навин 4