Исус Навин 23:1-3 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Поминаа многу денови откако Господ му даде на Израел да се одмори од сите непријатели наоколу. И Исус беше остарел, навлегол во години.

2. Затоа Исус ги повика сите Израелци, старешините, главатарите, судиите и управителите нивни, и им рече: „Остарев и напреднав во годините.

3. Вие бевте сведоци на сè што Господ, вашиот Бог, пред ваши очи, им направи на сите народи заради вас: Господ, вашиот Бог, се бореше за вас.

Исус Навин 23