Исус Навин 21:25-29 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

25. Од половината Манасиево племе: Танах со пасиштата и Гат-Римон со пасиштата: два града.

26. Вкупно семејствава на другите Каатови синови добија десет градови со пасиштата.

27. На Гирсоновите синови, на левитските семејства им ги дадоа од половината Манасиево племе градот - засолниште Голан во Васан и Вестера со нивните пасишта: два града.

28. Од Исахаровото племе: Кисон со пасиштата, Даврот со пасиштата,

29. Јармут со пасиштата и Ен-Ганим со пасиштата: четири града.

Исус Навин 21