1. На Јосифовите синови им припаднаа со жрепка недвижниот имот: од Јордан кај Ерихон, од Ерихонските Води на исток, па низ пустината кон Ветилската Гора;
2. од Ветил до Луз, меѓата продолжуваше низ подрачјето на Архијците до Атарот.
3. Потоа се спушташе на запад до јафлетската меѓа, сè до долниот Вет-Орон и до Гезер, откаде излегуваше на море.
4. Тоа беше наследството на Јосифовите синови: Манасиј и Ефрем.