Исус Навин 14:9-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. И во тој ден Мојсеј се заколна: ‘Земјата по која стапнуваше твојата нога ќе ти припадне тебе и на твоите синови во вечно наследство, зашто ја вршеше волјата на Господа, мојот Бог.’

10. И гледаш, Господ ме запази во живот, како што рече. Веќе поминаа четириесет и пет години откако Господ му го вети тоа на Мојсеја, додека Израел уште одеше низ пустината; сега сум на осумдесет и пет години,

11. но уште сум и денес силен, како што бев во оној ден кога Мојсеј ме испрати како согледувач. Како некогаш, и сега е мојата сила во мене, за борба за да отидам и да се вратам.

12. Дај ми го сега ова горје, што Господ ми го вети во оној ден. Сам чу во оној ден. Таму се Енакимците, а градовите им се големи и цврсти. Ако е Господ со мене, ќе ги изгонам, како што го вети тоа Господ.”

13. Тогаш Исус го благослови, и му го даде на Халева, синот Јефониев, Хеврон во наследство.

Исус Навин 14