Исус Навин 14:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Ова е што добија во наследство Израелевите синови во Ханаанската Земја - што им разделија во наследство свештеникот Елеазар и Исус, синот Навинов, и главатарите на семејствата на израелските племиња.

2. Наследството го разделија со жрепка, како што Господ одреди преку Мојсеја, меѓу деветте племиња и половината од десеттото племе.

3. Мојсеј им го одреди наследството на двете племиња и на половината од десеттото племе од онаа страна на Јордан, а на Левитите не им даде наследство меѓу нив.

4. Зашто беа две племиња на Јосифовите синови: Манасиевото и Ефремовото. А на Левитите не им дадоа дел од земјата, туку градови, за престојување и пасишта за нивниот добиток и за нивната стока.

Исус Навин 14