Исус Навин 13:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Кога Исус остаре и напредна во своите години, Господ му рече: „Веќе си стар и времен, а остана многу земја за да се освои.

2. Еве ги подрачјата што уште остануваат: сите филистејски покраини и сета гесурска земја;

3. од Сиор, што е пред Египет, сè до границата на Акарон на север, а се смета како подрачје на Ханаанците; пет филистејски кнежевства: Газа, Азот, Аскалон, Гет и Акарон; потоа Авејците

4. на југ. Сета ханаанска земја од Меар што им припаѓа на Сидонците, па до Афек и до аморејската меѓа;

Исус Навин 13