Исус Навин 1:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. По смртта на Господовиот слуга, Мојсеј, Господ му рече на Исуса, синот Навинов, на Мојсеевиот помошник:

2. „Мојот слуга Мојсеј почина; затоа сега стани, помини преку тој Јордан, ти и сиот тој народ, во земјата што им ја давам на Израелевите синови.

3. Секое место на кое ќе стапне вашата нога ви го давам, како што му ветив на Мојсеја.

4. Од пустината и од Ливан па до Големата Река, реката Еуфрат, целата земја на Хетејците, и сè до Големото Море на сончевиот запад - сè тоа ќе биде ваше подрачје.

Исус Навин 1