7. Неговата власт ќе се шири надалеку и не ќе има крај на мирот над Давидовиот престол, над неговото царство: ќе го зацврсти и ќе го утврди во правина и во праведност. Отсега и довека ќе го направи тоа приврзаната љубов на Господа над Воинствата.
8. Господ испрати слово на Јакова и тоа падна на Израел.
9. Го научи сиот Негов народ, Ефрем и жителите на Самарија кои велеа со надуено и горделиво срце:
10. „Ни пропаднаа тулите, ќе градиме од делкан камен; ни ги исекоа дивите смокви, ќе посадиме кедри.”
11. Но Господ ги подигна на гората Сион неговите противници и ги подбуцнува неговите непријатели:
12. Сиријците на исток, Филистејците на запад, за да го голтнат со сите усти Израел. Покрај сè тоа Неговиот гнев нема да се смири, Неговата рака ќе остане испружена.