Исаија 64:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. О, да ги раскинеш небесата и да слезеш, за да им го јавиш Своето Име на непријателите: ридовите би се треселе пред Твоето лице, народите би трепереле пред Тебе,

2. како кога огнот ќе ги запали сувите гранки и прави да зоврие водата!

3. Правејќи стравотии, нечекани дела, слегуваше, и брдата се тресеа пред Тебе!

4. Не се чу одвека, ниедно уво не чу, ниедно око не виде, да им направи некој бог, освен Тебе, такво нешто на оние кои се надеваат во Него.

5. Им помагаш на оние кои радосно ја вршат правдата и си спомнуваат за Тебе на Твоите патишта; Те разгневивме, згрешивме, се одметнавме од Тебе.

Исаија 64