Исаија 63:5-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. Се обѕрнав, но немаше помошник! Се зачудив, но немаше поткрепа. Тогаш Ми помогна Мојата мишка, и Мојата лутина Ме поткрепи.

6. Ги сотрев народите во Својот гнев, сите ги изгазив во јарост, и земјата ја натопив со нивната крв!”

7. Ќе ја славам Господовата љубов, Неговите славни дела - за сè што им стори Господ, за големата добрина кон Израелевиот дом, што ни ја искажа во Својата сомилост, во изобилството на Својата љубов.

8. Рече: „Доста, тие се Мој народ, синови, кои не ќе изеневерат!” И Тој им стана Спасител.

Исаија 63