Исаија 63:1-3 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Кој е тој што доаѓа од Едом, од Восор, во црвени облеки? Кој е тој што, величествено облечен, чекори полн со сила? „Јас Сум, Кој зборувам правда, Силен кога спасувам!

2. Зошто е црвена твојата облека, и рувото како кај оној кој гази во кацата?

3. - Самиот газев во кацата, од народите никој не беше. Ги изгазив во Својот гнев и ги згмечив во Својата јарост. Нивната крв Ми ја испрска облеката, го извалкав сето Свое руво.

Исаија 63