Исаија 62:1-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. За љубов на Сион не ќе молчам, заради Ерусалим не ќе мирувам, додека неговата правда не засвети како светлина, додека неговото спасение не пламне како светилник.

2. И народите ќе ја видат твојата праведност, и твојата слава - сите цареви; ќе те наречат со ново име, што ќе го одреди Господовата уста.

3. Ќе бидеш прекрасен венец во Господовата рака, и царски венец на дланката на својот Бог.

4. Не ќе те наречуваат веќе Оставена, ни твојата земја Запустена, туку ќе те викаат Моја Милина, а твојата земја -Венчана, зашто ти си Господова милозливост, и твојата земја ќе има сопруг.

5. Како што младецот се жени со девица, така синовите ќе се оженат за тебе, и како што младоженецот и се радува на невестата, твојот Бог ќе ти се радува тебе.

6. Ерусалиме, на твоите ѕидови поставив стражари: ни дење ни ноќе не смеат да замолчат. О вие кои Го споменувате Господа, нема почивка за вас!

Исаија 62