Исаија 60:20-22 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

20. Твоето сонце нема веќе да заоѓа, ниту месечината ќе ти се затемни, зашто Господ ќе биде твое вечно видело и ќе се свршат деновите на твојата жалост.

21. Сите во твојот народ ќе бидат праведници, и ќе ја наследат земјата довека, подниците на Мојот расад, делото на Моите раце, за да се прославам во нив.

22. Од најмалиот ќе останат илјада, од слабиот силен народ, Јас, Господ, зборував, ќе го извршам тоа во право време.”

Исаија 60