Исаија 6:8-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. Тогаш го чув Господовиот глас: „Кого да испратам? И кој ќе ја однесе нашата порака?” Јас реков: „Еве ме, испрати ме мене!”

9. Тој одговори: „Отиди и речи му на тој народ: ‘Со уши ќе слушате, но нема да разбирате, и со очите ќе гледате, но нема да видите.’

10. „Закорави му го срцето на овој народ, заглуши му ги ушите, заслепи му ги очите, да не гледа со очите, да не слуша со ушите и да не разбира со срцето, и да не се обрати и да не се излекува.”

Исаија 6