Исаија 57:9-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. Со масло трчаш по царот, со многу мирисливи масти, далеку ги испрати своите гласници, се понижи до Подземјето.

10. Исцрпена си од толкави скитања, но не рече: ‘Безнадежно е!’ Наново ја најде својата сила, па не си папсала.

11. Кога си се уплашила и боела зошто си изневерила, дека Мене веќе не си Ме спомнувала, ниту си Ме чувала во срцето? Молчев, ги затворав очите, затоа не се боеше од Мене.

12. Но ќе објавам за твојата правда и твоите дела не ќе ти ползуваат.

Исаија 57