Исаија 44:20-27 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

20. Тој ја сака пепелта, измаменото срце го заведува. Не ќе го спаси својот живот и никогаш не ќе рече: „Не е ли измама ова во мојата десница?”

21. „Спомни си за тоа, Јакове, и ти, Израеле, зашто си Мој слуга! Јас те создадов, и слуга си Ми, Израеле, не ќе те заборавам!

22. Како магла ги растерав твоите престапи и како облак твоите гревови. Обрати Ми се Мене, зашто Јас те искупив.”

23. Воскликнувајте, небеса, зашто Господ го направи тоа! Запејте, земни длабочини! Одекнувајте со радост, планини, и вие, гори, со сите свои дрва! Зашто Господ го откупи Јакова, се прослави во Израел!

24. Вака зборува Господ, твојот Искупител и твојот Творец во утробата: „Јас Сум Господ Кој Сум создал сè, Кој ги оптегна Сам небесата, и ја зацврстив земјата без ничија помош.

25. Јас ги осуетувам знаците на вражалецот, и маѓесниците ги претворувам во безумници; ги присилувам мудреците да се повлечат и нивната мудрост ја претворувам во безумие,

26. но го потврдувам словото на Својот слуга, го исполнувам наумот на Своите гласници. Јас му зборувам на Ерусалим: ‘Насели се!’ И на јудејските градови: ‘Изградете се!’ Јас ги издигам од урнатините.

27. Јас му велам на морето: ‘Пресуши! Ти ги пресушувам реките.’

Исаија 44