Исаија 40:3-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. Глас вика: „Пригответе Му на Господа пат низ пустината. Израмнете ја патеката на нашиот Бог во степата.

4. Нека се издигне секоја долина, нека се спушти секоја гора и бреже. Што е нерамно, нека се израмни, стрмнините нека станат рамни.

5. Тогаш ќе се открие Славата Господова, и секое тело ќе ја види, зашто Господовата уста зборуваше.”

6. Гласот наложува: „Викај!” Одговорив: „Што да викам?” - „Секое тело е како трева, неговата сета убавина е како полски цвет.

7. Тревата се суши, цветот свенува, кога Господовиот здив ќе помине преку нив. Навистина, народот е трева.

Исаија 40