Исаија 37:9-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. Имено чул дека Тирак, етиопскиот цар, завојувал против него. Тогаш тој повторно испрати пратеници да му кажат на Езекија:

10. „Речете му вака на јудејскиот цар Езекија: ‘Нека не те измамува Твојот Бог, во Кого се надеваш, велејќи ти: „Ерусалим нема да падне во рацете на асирскиот цар.”

11. Ти знаеш што им направија асирските цареви на сите земји откако ги предадоа на проклетство! А ти ли ќе се спасиш?

12. Дали боговите ги спасија народите кои ги уништија, моите татковци: Госанците, Харанците, Ресефците и Еденовците, во Теласар?

13. Каде е ематскиот цар, арфадскиот цар, царот на градот Сефарвим, на Ена и Ава?’”

14. Езекија го прими писмото од раката на посланикот и го прочита. Потоа влезе во Господовиот Дом и го одвитка таму пред Господа.

15. И Езекија Му се помоли на Господа вака:

Исаија 37