Исаија 37:25-28 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

25. Копав и пиев туѓи води; тогаш со стапалата ги исушив сите египетски реки.’

26. Слушаш ли добро? Одамна го одредив тоа, го смислував од старини. Сега го остварувам тоа: на тебе е да ги претвориш тврдите градови во урнатини;

27. нивните жители, немоќни, исплашени и збунети, беа како трева во полето, како младо зеленило, како трева врз покривите, спалена од источниот ветер.

28. Знам кога се креваш и кога седнуваш, кога излегуваш и кога се враќаш.

Исаија 37