Исаија 35:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Нека се зарадува пустината, исушената земја, нека воскликнува степата, нека расцвета лилјанот.

2. Нека цвета бујно со цвет, да, нека воскликнува од веселба и нека се радува. & е дадена славата на Ливан, и убавината на Кармил и Сарон; тие ќе ја видат Господовата Слава, величието на нашиот Бог.

3. Закрепете ги изнемоштените раце, зацврстете ги ослабените колена!

4. Речете им на исплашените срца: „Бидете силни, не бојте се! Еве Го вашиот Бог, одмаздата доаѓа, Божјата плата, Тој Самиот брза да нè спаси!”

Исаија 35