Исаија 32:11-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

11. Треперете, вие безгрижни, смутете се, лесноумни, соблечете се, разголете се, опашете вреќиште околу бедрата!

12. Удирајте се по градите заради прекрасните полиња, заради плодните лозја;

13. заради нивите на Мојот народ, што раѓаат трња и трништа; заради сите весели куќи, на разиграниот град.

14. Зашто, дворецот ќе биде напуштен, ќе запустее бучниот град; тврдината и стражарницата ќе станат пештера довека - ќе им бидат радост на дивите ослици, пасиште на стадата,

15. додека не се излее врз вас Духот од висините. Тогаш пустината ќе стане овошник, а овошната градина ќе се претвори во гора.

16. Правото ќе се настани во пустината, а правдата ќе престојува во плодоносното поле.

17. Делото на правдата ќе биде мирот, а плодот на праведноста, покој и надеж засекогаш.

Исаија 32