Исаија 25:1-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Господи, Ти си мој Бог, Те величам, го славам Твоето Име, зашто спроведе чудесен наум, смислен од дамнина, вистински и верен,

2. зашто градот го претвори во куп камења, а утврденото место во урнатина. Непријателската тврдина веќе не е град, не ќе биде обновена довека.

3. Затоа Те слави силен народ, градот на силните племиња се бои од Тебе;

4. зашто Ти си му заштита на сиромашниот; прибежиште на бедниот во неволја; прибежиште од пороен дожд и засолниште од припек, зашто силничкиот гнев е како зимски пороен дожд;

5. како жега над сувата земја, Ти ја задушуваш вревата на непријателот, како припекот со сенката на облак, им прекрати на насилниците победничката песна.

6. И Господ над Воинствата ќе им приготви на сите народи на оваа гора гозба од мрсно месо, гозба со чисто вино, од сочна згуснетост, од стаено вино.

Исаија 25