Исаија 23:10-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. Обработувај ја земјата, тарсиска ќерко, го нема веќе твоето пристаниште!

11. Господ ја крена Својата рака на морето и ги растресе царствата. Господ заповеда да се разурнат ханаанските тврдини.

12. Рече: „Не ќе воскликнуваш веќе, засрамена девице, сидонска ќерко!” Стани и замини во Китим; ни таму не ќе имаш мир.

13. Еве ја Халдејската Земја. Тој народ не пстоеше; Асирецот им ја утврди земјата. Се издигаат опсадни стражарници, разурнуваат тврдини, сè е урнатина.

14. ”Ридајте, тарсиски бродови, разурната е вашата тврдина!”

15. Ќе се случи, во оној ден, Тир да биде заборавен седумдесет години, како деновите на еден цар. А по седумдесет години на Тир ќе му биде како на блудницата од песната:

16. „Земи ја харфата и скитај низ градот, заборавена блуднице! Свири убаво, пеј многу, за да те спомнат!”

17. По седумдесет години Господ ќе го посети Тир. И градот ќе ја добива пак својата блудничка плата. Ќе блудствува со сите царства на лицето на земјата.

Исаија 23