Исаија 21:15-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

15. Тие бегаат пред мечевите, пред извлечениот меч, пред оптегнатиот лак, пред жестокиот бој.

16. Да, вака ми рече Господ: „Уште една година, надничарска година, и ќе ја снема сета Кидарова слава.

17. А од многубројните стрелци меѓу храбрите Кидарови синови малкумина ќе останат.” Така зборуваше Господ, Израелевиот Бог.

Исаија 21