Исаија 2:12-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

12. Да, тоа ќе биде ден на Господа над Војските, против сите горделиви и издигнати, против сите што се возвишуваат, за да ги собори;

13. против сите либански кедри и против сите васански дабови;

14. против сите вишнати гори и против сите издигнати брегови;

15. против секоја висока тврдина, и против сите цврсти ѕидови;

16. против сите тарсиски бродови, и против сите раскошни бродови.

17. Човечката гордост ќе падне и човечката висина ќе се понижи. Господ ќе се возвиши, единствено Тој - во оној ден,

18. и идолите на нечистите божества ќе ги снема без трага.

Исаија 2