Исаија 17:4-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. Во оној ден ќе се смали Јакововата слава, ќе ослаби дебелината на неговото тело.

5. Ќе биде како жетвар кога го фаќа житото, а раката му го жние класјето, како кога се собираат класови во Рефаимската Долина -

6. ќе останат само побироците; или како кога се тресе маслинката: две-три маслинки сосем на врвот, четири или пет на гранките на дрвото - Слово е на Господа, на Израелевиот Бог.

7. Во оној ден човекот ќе погледне на својот Создател и ќе ги втренчи очите кон Израелевиот Светец.

Исаија 17