Исаија 17:1-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Пророштво за Дамаск. „Ете, Дамаск ќе прекрати да биде град, и ќе стане куп урнатини;

2. неговите гратчиња, напуштени довека, ќе бидат пасиште за стадата; ќе лежат во нив, и никој не ќе ги тера.

3. Ефрем ќе ги изгуби тврдините, а Дамаск царството; на остатокот на Сирија ќе му се случи што и на славата на Израелевите синови - Слово е на Господ над Воинствата.

4. Во оној ден ќе се смали Јакововата слава, ќе ослаби дебелината на неговото тело.

5. Ќе биде како жетвар кога го фаќа житото, а раката му го жние класјето, како кога се собираат класови во Рефаимската Долина -

6. ќе останат само побироците; или како кога се тресе маслинката: две-три маслинки сосем на врвот, четири или пет на гранките на дрвото - Слово е на Господа, на Израелевиот Бог.

Исаија 17