Исаија 14:30-32 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

30. Првородените на сиромасите ќе се нахранат и сиромасите ќе почиваат во безопасност; со глад ќе го умртвам твојот род и ќе го погубам тоа што ќе остане од тебе.

31. Ридајте врати! Извикувај, граду! Трепери, цела Земјо Филистејска! Зашто доаѓа дим од север, и неговите чети никој не ги напушта!”

32. Што ќе им се одговори тогаш на гласниците на народите? „Господ го основа Сион, и во него се заштитени бедните на неговиот народ.”

Исаија 14