Исаија 13:4-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. Чуј! Врева на планините како од мноштво народ. Чуј! Шум од царствата на собраните народи. Господ над Воинствата ја прегледува војската за бој.

5. Од далечен крај, од границите на небото доаѓаат тие, Господ и оружјата на Неговиот гнев, за да ја погубат целата земја.

6. Ридајте, зашто е близу Господовиот ден, како гибел доаѓа од Сèмоќниот.

7. И затоа сите раце ослабуваат, секое човечко срце се истоштува,

8. стравотија ги обори, веќе ги опфатија труднички болки, и се грчат како родилка. Исплашени се набљудуваат еден друг, лицата им се како пламен.

Исаија 13