Галатите 5:5-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. Зашто ние, преку Духот, преку верата, ја очекуваме надежта на правдата.

6. Зашто во Христа Исуса ниту обрезанието има вредност, ниту необрезанието, туку верата, која дејствува преку љубовта.

7. Трчавте добро! Кој ви попречи да не се покорувате на вистината?

8. Тоа одвраќање не е од Оној, Кој ве повика.

9. Малку квас го потквасува целото тесто.

10. Јас сум уверен за вас во Господа, дека нема да мислите инаку. А кој ве буни ќе претрпи осуда, кој и да бил!

Галатите 5