Галатите 5:22-26 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

22. А плодот на Духот е: љубовта, радоста, мирот, трпението, љубезноста, добрината, верноста, кротоста, самоконтролата;

23. нема закон против вакви нешта.

24. А оние кои се Христови го распнаа своето тело со неговите страсти и похоти.

25. Ако живееме во Духот, нека и да Го следиме Духот!

26. Да не бидеме полни со суетно славољубие! Да не се предизвикуваме еден со друг! Да не си завидуваме еден на друг!

Галатите 5