Галатите 4:18-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

18. Меѓутоа, добро е секогаш да ревнувате во доброто, а не само кога сум јас при вас,

19. деца мои, кои пак сум во породилни маки, додека Христос се вообличи во вас.

20. Би сакал да сум сега при вас, и да го изменам својот глас, зашто сум во сомнение за вас.

21. Кажете ми, вие, кои сакате да бидете под Законот: не го слушате ли Законот?

22. Зашто е напишано дека Авраам имал два сина: едниот од робинката, а другиот од слободната.

23. Но оној, од робинката, роден е по тело, а оној од слободната преку ветувањето.

Галатите 4