Филипќаните 4:17-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

17. Не како да барам подарок, туку го барам плодот што се умножува на ваша сметка.

18. Примив сè и имам сè во изобилство. Полн сум откако примив од Епафродит што ми испративте - благопријатен мирис, жртва пријатна благоугодна на Бога.

19. А мојот Бог ќе ја исполни славно секоја ваша потреба, според Своето богатство - во Христа Исуса.

20. А на нашиот Бог, и Татко, слава во сите векови Амин!

21. Поздравете го секој верник во Христа Исуса! Ве поздравуваат браќата, кои се со мене.

22. Ве поздравуваат сите свети, а особено оние од Ќесаревиот дом.

23. Благодатта на нашиот Господ Исус Христос да биде со вашиот дух Амин!

Филипќаните 4