Филипќаните 4:14-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

14. Туку добро направивте, што зедовте учество во моите неволји.

15. А знаете и вие, Филипјани, дека во почетокот на проповедањето на Евангелието, кога заминав од Македонија, ниедна црква не беше со мене во давање и примање, освен единствено вие.

16. Вие ми испративте во Солун, еднаш и двапати, за моја потреба.

17. Не како да барам подарок, туку го барам плодот што се умножува на ваша сметка.

18. Примив сè и имам сè во изобилство. Полн сум откако примив од Епафродит што ми испративте - благопријатен мирис, жртва пријатна благоугодна на Бога.

Филипќаните 4