Филипќаните 2:5-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. Имајте ја во себе истата мисла, која беше и во Исуса Христа;

6. Кој, иако е во Божјо обличје, не го сметаше како грабнато - тоа што е еднаков со Бога,

7. туку се лиши Самиот Себе, и зеде обличје на слуга станувајќи сличен со луѓето.

8. И откако се најде во лик како човек, Тој се понизи Самиот Себе и стана послушен до смрт, дури и до смрт на крст.

9. Затоа и Бог Го превозвиши и Му подари име, што е над секое име,

10. и во Исусовото име да се поклони секое колено на оние: кои се на небото, и на земјата, и под земјата;

Филипќаните 2