Филимон 1:7-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. Зашто имам голема радост и утеха во твојата љубов, бидејќи ти - брате - ги освежи срцата на светите.

8. Затоа, иако имам голема смелост во Христа да ти заповедам што е правилно,

9. заради љубовта повеќе сакам да те молам, јас, таков каков што сум - Павле, старец, а сега и затвореник на Христа Исуса;

10. те молам за моето чедо Онисима, кого го родив во оковите,

11. кој некогаш ти беше некорисен, а кој сега ни е корисен и тебе и мене. Ти го испраќам назад него,

12. а ти прими го како моето срце.

Филимон 1