Езекиел 8:17-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

17. И ми рече: „Дали го гледаш тоа човечки сине? Малку ли се во Јудиниот Дом сите овие гнасности што ги прават тука, туку уште ми ја полнат земјата и со насилство, и Ме предизвикуваат повторно, и мавтаат со гранки пред носот?

18. Затоа и Јас ќе постапам сега со нив јаросно, и Моите очи веќе не ќе се сожалат, и нема да им се смилувам. И кога ќе почнат да викаат со сиот глас во Моите уши, нема да ги послушам.”

Езекиел 8