Езекиел 48:25-30 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

25. Покрај Симеоновото подрачје, од исток до запад - Исахаровиот дел.

26. Покрај Исахаровото подрачје, од исток до запад - Завулоновиот дел.

27. Покрај Завулоновото подрачје, од исток до запад - Гадовиот дел.

28. Покрај Гадовото подрачје, на јужната страна, кон југ, границата оди од Тамара до Меривските Води и до Кадис, па до потокот кон Големото Море.

29. Тоа е земјата што ќе им ја поделите со жрепка во наследство на Израелевите племиња, тоа се нивните делови” - говори Господ Бог.

30. И еве ги излезите на градот: на северната страна - четири илјади и пет стотини лакти.

Езекиел 48