Езекиел 46:3-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. При влезот на истата врата во сабота и при млада месечина, народот на земјата ќе Му се поклонува на Господа.

4. Паленицата што кнезот ќе му ја принесува на Господа, во сабота, нека биде: шест јагниња без недостаток, овен без недостаток.

5. А лебниот принос нека биде по ефа на овен, а на јагнето колку и како кој може и по ин масло на ефа.

6. Во денот на млада месечина нека бидат принесени: јунец без недостаток, шест јагниња и овен без недостаток.

Езекиел 46