8. Тоа нека биде негова земја, имот во Израел, за да не го угнетуваат веќе кнезовите Мојот народ и за да му ја дадат земјата на Израелевиот дом по племиња.”
9. Господ Бог зборува вака: „Доста е, Израелеви кнезови! Откажете се од насилството и од грабежот и вршете ги законот и правдата; избавете го Мојот народ од своите побарувачки - говори Господ Бог.
10. Мерете со права мерка: со права ефа и со ват.
11. Ефата и ватот нека опфаќаат еднаков обем; ватот нека изнесува десет хомери и ефата десет хомери - мерата нека им биде според хомерот.
12. Шекелот нека биде дваесет гера; мината нека ви биде: дваесет шекели, дваесет и пет шекели, и петнаесет шекели.