Езекиел 45:1-3 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. ”Кога ќе ја делите земјата со жрепка во наследство, принесете Му како задржан принос на Господа еден свет дел од земјата долг дваесет и пет илјади лакти, широк десет илјади; тоа нека биде свето подрачје вдолж и напреку.

2. Од тоа за Светилиштето нека биде четвртесто од пет стотини лакти и чистинка од педесет лакти наоколу.

3. Од тоа подрачје измери во должина дваесет и пет илјади лакти, а во ширина десет илјади: тука нека биде Светилиште - Светина над Светините.

Езекиел 45